Новости

Битола инфо

(Фотогалерија) Оваа куќа во Битола е вистинска цветна рајска градина

Семејството Никлески од Битола на ул. Димитар Тодоровски бр. 5А, околу дваесет години ги украсуваат со најразлични цвеќиња своите балкони и двор. На балконите и во дворот има најразлични видови цвеќиња и тоа: бегонии од сите видови, сардели од сите видови, сурфинии, англиски-кралски сардели, петунии, кана, трендафили и сл. Исто така во дворот има и неколку видови украсни зимзелени дрвца кои дополнително го оплеменуваат просторот. За да изгледаат вака цветните аранжмани на балконите и дворот потребно е секојдневна грижа за цвеќињата од по околу 1 час наутро и навечер. Наводнувањето е потребно да се врши во касните вечерни часови и рано наутро, ова особено е потребно во жешките летни денови. Прихранувањето потребно е да се врши на претходно навадена почва, со цел подобра апсорпција на храната од страна на растението. Убавите цветни аранжмани се видени од голем број наши сограѓани, при што убавината на цветовите подобро се доловува во живо.

Евротип
Евротип
To Top