Новости

Битола инфо

Фотогалерија од отворањето јубилејното 40-то издание на Малиот битолски монмартр

Традиционално, со огномет, синоќа во Старата битолска чаршија беше отворено јубилејното 40-то издание на Малиот битолски монмартр.

Ова е второ издание на оваа манифестација која се одвива во ковид услови. Оваа година сите настани ќе се одвиваат на отворено. Денеска во паркот ќе бидат поставени штафелаи на кои секој граѓанин ќе може да наслика нешто, а утре во чаршијата.

Малиот битолски монмартр за сите овие 40 години стана амбасадор на Битола, но и на Македонија секаде во светот. За жал, идејниот творец на Малиот битолски монмартр, Коста Хаџи Антоновски за малку не го дочека ова јубилејно издание. 38 години мали уметници од целиот свет доаѓаа твореа низ битолските улици. Бидејќи не можеа да дојдат, децата и нивните ментори од повеќе земји испратија видео пораки. Малите уметници недостигаат во градот, но надежта останува дека од наредната година, пријателите од цел свет повторно ќе дојдат да творат во Битола.

-Мене лично, нас на организаторите, празна ни е организацијата, исто и градот,  беше преполн, битолските улици ќе останат ненасликани, нема да има детски џагор. Цел свет ја знае Битола и Македонија по битолскиот монмартр, токму зарди тие 4 децении и ќе бидат уште 4 децении, ние ќе дадеме се од себе таа мисија, на Коста Хаџи Антоновски, мојот татко, да ја продолжиме и усовршиме, истакна Елена Хаџи Антонова.

Сепак оваа година имаат гости, иако мал број. Претставникот на добитниците на “Гран при“, „School 1955“ од Москва, Русија, лично ја прими наградата, како и наградените деца од ателјето „Артино“ од Белград, Србија заедно со нивната менторка. Наградата за најдобра колекција „Златна четка” отпатува за Јапонија, а ја прими амбасадорот на Јапонија во Македонија, Савада Хиронори. Почесната награда “Коста Хаџи Антоновски“ за долгогодишно учество, соработка и придонес  ја доби Теодолинда Паскоал од “Теоартис“, од градот Евора, Португалија, со кои Студиото има долгогодишна соработка.

Исто така беа врачени и голем број признанија на институции и поединци за нивниот придонес за Малиот битолски монмартр.

Евротип
SNBROKER
To Top