Новости

Битола инфо

Фотогалерија од трката „Трчај Бе“ во Битола

Денеска во Битола се одржа втората по ред градска трка „Трчај Бе“ во организација на Здружението на лица кои имаат желба за трчање.

Првите учесници на трката стартуваа во 9 часот од плоштадот Магнолија каде што беше стартот, но и целта на трката. Се трчаше на 5 и на 10 километри, а дел од трката беа голем број битолчани, но и учесници од другите градови. Трчаа и професионални атлетичари, но и тимови на компании од градот и државата.

Трката се одржа според протоколите за заштита од Ковид 19, со редарска служба како и волонтерски тим кои беа задолжени за спроведување на мерките за заштита.

Фотографиите се на Саше Богоевски.

GOLD
To Top