Новости

Битола инфо

(Фото) Водици оваа година без фрлање на крстот – утрово празен дворот во црквата „Свети Великомаченик Димитриј“

Малку поинаква слика утрово на Богојавление – Водици во дворот на црквата „Свети Великомаченик Димитриј“ каде секоја година со децении наназад се фрлаше Чесниот крст во водите на базенот во дворот на црквата. Но, денеска базенот беше празен, а Богојавленска осветена вода верниците си полнеа од садот поставен во дворот. Исто така можеше да се купи и света вода во шишиња.

Верниците пак, се надеваат дека од наредната година повторно ќе може да бидат дел од овој чин кој е еден од највеселите денови во годината.

          

GOLD
To Top