Новости

Битола инфо

(Фото) Во Битола одбележан Денот на македонската полиција

Денеска во Битола беше одбележан 7 мај, денот на македонската полиција. Од неколку делегации беше положено свежо свеќе на споменикот во кругот на СВР битола, како и пред споменикот Ангел.

-И оваа година свечено го прославуваме, со оглед на ситуацијата, како и лани така и оваа со оглед на Ковид 19 активностите ни се сведени на минимум. Имаме положување на свежо цвеќе пред спомениците и мала активност од отсекот за превенција во детските градинки, рече Сања Стаматова, портпарол на СВР Битола.

Смилевскиот конгрес кој се одржал од 2 до 7 мај 1903 година, и масовната организација на месното население за заштита на учесниците на конгресот, бил настанот, според кој што, денес – 7 Мај се слави како Ден на македонската полиција.

Овој датум е избран за Ден на македонската полиција 90 години подоцна, на 20 април 1993 година, со одлука на Владата на Република Македонија, на тогашниот премиер Никола Кљусев, наместо дотогашниот 13 ти мај.

GOLD
To Top