Новости

Битола инфо

Фото: Кондовски на средба со жителите на населбата Боримечка и с. Поешево

Кандидатот Кондовски Христо заедно со дел од кандидатите за советници на СДСМ вчера се сретна со жителите од населбата Боримечка и жителите на с. Поешево.

Заедно со граѓаните разговараа за проблемите со кои се соочуваат во овој дел на градот.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

“Уредување и асфалтирање на дел од улицата Солунска која се протега покрај старото корито на реката Курделес и нејзино поврзување со Индустрискиот пат, реконструкција на улицата која се протега од ЕВН до Железничката станица се дел од потребите на жителите на Боримечка.
На средбата Кондовски и граѓаните заклучија дека во населбата недостасува и објект во кој ќе биде сместена месната заедница, дека неопходно е подобрување на комуналната хигиена и изградба на забавни рекреативни паркови за децата.
Жителите на Поешево, пак, бараат санација и асфалтирање на улиците низ селото и замена на азбестната цевка за вода.
СДСМ има решенија, Кондовски за Битола !” – стои во соопштението.

Евротип
Евротип
To Top