Новости

Битола инфо

(Фото) Мајмунчето Лука се врати во битолската ЗОО во ново живеалиште

Мајмунчето Лука повторно е во битолската зоолошка градина. Лука на крајот од февруари оваа година од битолската беше однесен во скопската зоолошка градина заради лоши услови во живеалиштето.

Во меѓувреме, битолската зоолошка направи ново живеалиште за мајмуните. Кога го вратија повторно назад, тој си го препознал своето живеалиште, вели в.д. директорот на ЗОО Битола, Марјан Наловски.

„Ова е комплетно направено за шест месеци, а е вложено 1 милион денари,  дел од Општина Битола, дел сосптвени средства, додека оградата и сите метални делови ги направи ФОД – Битола. Така сега имаме ново живеалиште со сите потребни услови, изградено од камен, со парно греење, проширен внатрешен дел, комплетна санација на бетонските подлоги, а на овие услови Лука одлично се прилагоди во старата средина. Мајмунчето Лука сега во кафезот не е само, со него од Скопје е донесена и женката. ЗОО Битола има и нови жители, три мајмунчиња патаси, змија боа, женски ној, со најава и за други животни“ вели Наловски.

 

GOLD
To Top