Новости

Битола инфо

(Фото) Пет лица повредени во превртениот автобус кај Жабени

Автобус кој превезувал вработени од фабриката „Кромберг и Шуберт“, утрово во 6:30 часот се преврте во непосредна близина на фабриката која се наоѓа во индустриската зона Жабени. Несреќата се случила откако автобусот излегол од фабриката и тргнал кон Битола. Од СВР Битола информираат дека кај нив е пријавен настанот, а нивна екипа извршила увид.

„На 15.10.2021 во 06.28 часот во СВР Битола било пријавено дека на излез од фабрика во близина на с.Жабени, битолско, на пат за Битола, се превртел автобус со патници. Увид извршила увидна екипа на СВР Битола“, информира Сања Стаматова, портпарол на СВР Битола.

Во несреќата повредени се пет лица, возачот и четири патници. Од Клиничка болница во Битола информираат дека сите се со лесни повреди и се надвор од животна опасност. Сите лица биле амбулантски прегледани и никој не е хоспитализиран, сите се пуштени дома. Засега не е познато која е причината заради која се превртел автобусот.

Евротип
Евротип
To Top