Новости

Битола инфо

(Фото) Протест против антиковид мерките во Битола

На плоштадот „Магнолија“ во Битола вечерва се одржа мирен протест, против како што велат присилната вакцинација.
На протестот имаше транспаренти против рестрикциите, забраните, поделбите – „Мое право, мој избор“, „Стоп за присилна вакцинација“ и други.

-Тука сме да го искажиме својот револт за новите рестриктивни мерки, кои удираат директно врз слободата и правата на граѓаните, оние кои сакаат слободно да одлучат по сопствена волја и убедување дали да ја прифатат вакцината, рече Игор Петковски.

По говорот на плоштадот, тргнаа на протестен марш низ Широк Сокак до Офицерски.

Евротип
Евротип
To Top