Новости

Битола инфо

ФОТО: СДСМ едногласно го избра својот кандидат Христо Кондовски за Битола

На изборната конференција што се одржа во четвртокот, на 9 септември, согласно партиските процедури, се утврди кандидатот за градоначалник и кандидатите за советници во Советот на Општина Битола на претстојните локални избори.

Делегатите на конференцијата едногласно застанаа зад кандидатот за градоначалник, Христо Кондовски кој во своето обраќање порача дека со новата голема победа што ќе ја извојува СДСМ на 17 октомври најголеми победници ќе бидат битолчани.

“ Граѓаните на Битола ќе добијат локална самоуправа која ќе продолжи да ги решава нивните проблеми, која ќе работи домаќински и транспарентно, ќе ги реализира брзо и ефикасно проектите што ќе ги вети. И на локално и на централно ниво покажавме дека знаеме, умееме, можеме да бидеме сервис каков што заслужуваат граѓаните. Довербата на битолчани ќе ја оправдам со макотрпна работа, секојдневно подобрувајќи ги условите за живот во градот кој ќе го направиме уште поубаво место за живеење”, рече Кондовски.

СДСМ го има најдоброто за секоја општина !

Христо Кондовски за Битола !

СН Брокер
To Top