Новости

Битола инфо

ФОТО: Столе честеше пиво во Скопје, па доби првомајски колбаси во Битола

Битолската публика не го заборави гестот на капитенот на Вардар, Столе Стоилов. Иако вардарци и Еурофарм Пелистер се големи ривали, пред мечот кружниот напаѓач се поздрави со „Чкембарите“ и двете страни имаа момент каков што доликува на спортските терени.

По победата на Еурофарм Пелистер во Скопје, капитенот на вардарци ја почести противничката екипа со гајби пиво. На празникот 1. мај, Вардар гостуваше во Битола, а пред натпреварот публиката подготви подарок за Стоилов.

Од „Чкембарите“ во првиот ред, Стоилов доби првомајски колбаси за подарок. Моментот се овековечи со фотографија за спомен. На крајот, Вардар ја однесе победата, го презеде првото место и е во пол-позиција за нова титула во мак-ракометот.

Евротип
SNBROKER
To Top