Новости

Битола инфо

(Фото) Членовите на БК „Пелистерски јунак“ денеска засадија 850 садници бор кај Кркардаш

Боксерскиот клуб „Пелистерски јунак“ од Битола денеска ја реализираше својата втора акција на засадување садници бор. Беа засадени вкупно 850 садници во месноста Кркардаш.

„Клубот е оформен од страна на Јове Оцо Петровски и постои скоро една година. Клубот има за цел да ги едуцира и поттикне младите на здрав живот и основни морални вредности во секојдневниот живот. Мотивот за оваа акција е преголемото загадување од страна на човекот кој е единствениот виновник за уништување на природата, но и на човечкиот живот.

Првиот пат засадивме околу 650 борчиња околу местото на манастирот „Архангел Михаил“ во месноста БАИР. За првата акција бевме вклучени околу 12, 13 деца сите од БК„Пелистерски јунак“. Денес, во втората акција засадивме околу 850 борчиња околу местото на манастирот „Св.40 маченици Кркардаш исто во месноста Баир.

Денес бевме вклучени околу 17, 18 лица од постарите членови и неколку од малите кои беа во можност да дојдат. Сепак сето ова за нив го правиме“, велат од БК„Пелистерски јунак“.

GOLD
To Top