Новости

Битола инфо

Целосна дезинфекција на Центарот за култура Битола

Утрово, екипа на Центарот за јавно здравје од Битола спроведе целосна дезинфекција на Центарот за култура Битола.

Оттаму велат:

„Се враќаме во нова нормала, но мора да бидеме максимално внимателни и сите заедно да придонесеме за јавното здравје. Во меѓувреме го очекуваме новиот протокол за работа наменет за институциите кои се под Министерството за култура, поврзани со мерките за безбедност од здравствената криза предизвикана со Covid-19, за да започнеме со планирање на конкретни активности“.

 

GOLD
To Top