Новости

Битола инфо

Центарот за култура Битола подготвен за Фестивалот на монодрама

Под мотото „Зад отворени врати“ ќе се одржи 22 издание на Интернационалниот фестивал на Монодрама во Битола откако минатата година беше одложен заради ковид пандемијата. Во официјална конкуренција се 10 монодрами, сите се македонска продукција бидејќи, како што велат организаторите на фестивалот, Центарот за култура, патувањата за гости од странство се сѐ уште проблематични.


-Иако театрите беа затворени година и пол, актерите го пронајдоа својот „modus vivendi“, бидејќи е мошне тешко да се запре уметничкиот процес кој се случува во секој уметник. Не значи дека добивме во квантитет, напротив добивме квалитетна и разновидна театарска програма. За нас богатство повеќе затоа што имаме 10 македонски монодрами, за прв пат има толку многу во историјата на фестивалот, ќе направиме еден македонски фестивал на кој нашите актери од целата држава ќе се натпреваруваат за трите награди, најдобар, актер, режија и Гран при на фестивалот, вели Маја Андоновска, Илијевски, директор на Центар за култура Битола.

Селекторот на фестивалот, актерот Петар Мирчевски, е задоволен од годинешната програма.
-Многу сум пријатно изненаден, никогаш сме немале 10 македонски монодрами, оваа година имаме 11 заедно со таа надвор од конкуренција. Застапени се врвни авторски имиња, Достоевски, Гогољ, Чехов, мислам дека имаме врвна понуда и публиката ќе ужива во овие 5 дена. Овие пет дена ќе се случи театар, да навиваме за театарот, да живееме со театарот, рече Петар Мирчевски, селектор на фестивалот.

Рефлекторите ќе се вклучат на 22 јуни, на четири различни сцени низ Битола.
-Имаме претстави во големата сала на Народниот тетар, во големата сала на Центарот за култура, во Пациото и сцена-бифе на театарот. Со тоа публиката и самите актери ќе бидат заштитени по сиоте протоколи, нема да имаме во ист простор двапати едно по друго театарска публика, вели Андоновски Илијевски.
Фестивалот завршува на 27 јуни со премиерната претстава „Луди за љубов“ која е надвор од конкуренција и во чест на наградените.

GOLD
To Top