Новости

Битола инфо

ЦЈЗ Битола: 11 дена нема новорегистриран случај во Битола

Во ЈЗУ Центар за јавно здравје- Битола и регионот кој го покрива (Битола, Кичево, Ресен и Демир Хисар) заклучно со 01.06.2020 година земени се вкупно 732 брисеви за COVID-19 од кои 332 по епидемиолошки индикации, 70 преку упатување од матичен лекар преку системот Мој термин и 330 брисеви од вработени во градинки за скрининг.

Позитивни резултати за COVID-19 се добиени кај 32 лица, од кои 28 се со место на живеење во Битола, 3 во Кичево и едно лице во Демир Хисар. Според исходот на заболувањето кај 4 лица болеста сеуште е во тек (3 од Битола и 1 од Кичево), 26 лица се оздравени и кај 2 лица има смртен исход. Од вкупниот број на лица кај кои болеста сеуште е во тек, две лица се хоспитализирани, и две лица се на домашно лекување. Последниот пријавен случај во Битола е на 21.05.2020 година, а во регионот на 28.05.2020 година (во Кичево).

Во споредба со другите градови во државата, Битола е на 10-то место по вкупен број на заболени, а на 14-то место по број на заболени во однос на број на население (инциденција). Со цел да ја задржиме стабилната состојба во Битола и регионот (веќе 11 дена нема новорегистриран случај во Битола), препорачуваме населението да се придржува кон мерките: одржување на физичка дистанца, носење на заштитна маска и одржување на лична хигиена.

Апел до граѓаните: Само со дисциплина, совесност и безусловно почитување на мерките можеме да се надеваме дека ќе ја добиеме битката со корона вирусот.

GOLD
To Top