Новости

Битола инфо

Честитка од битолскиот муфтија Амит Расимовски до верниците во пресрет на Рамазанскиот пост

Денеска во џамијата Исак Челеби во Битола, порака до верниците по повод престојните Рамазански пости, упати Амит Расимовски, Муфтија на муфтивството на ИВЗ Битола. Расимовски во пораката рече:

-Се наоѓаме пресрет на големиот месец Рамазан, а утре е првиот дел на месец Рамазан и верниците почнуваат со едномесечен пост. Вие кои верувавте, должност вие да постите, какао и претходните генерации, со една цел да станете што поголазливи. Од рана мугра, верниците престануваат со јадење, секаква храна и пијалок, се до вечерните часови, се до заоѓањето на сонцето, а сето тоа да ја извршат наредната на возвишениот господат, да се доближат се повеќе до него и да бидат поискрени верници и да бидат поблиску едни до други. Месецот Рамазан е месец на милост, простување и бериќет и месец кога се простуваат гревовите на верниците, кои овој месец треба да прават добри дела, да се помагаат едни со други и да бидеме похумани.

Муфтија на муфтиствтото на ИВЗ Битола, Расимовски, за состојбата со ковид-19 рече:

-Оваа година како и лани месец Рамазан го дочекуваме во време на пандемија поради ковид-19, така што нема да бидеме слободни да ги извршуваме сите обреди во џамија, ќе бидеме принудени поради здравјето, поради општото здравје на верниците и на сите граѓани во Битола да не присутвуваме на заеднички Ифтари, да не бидеме заедно во џамија не вечерните молитви, а сето тоа ќе биде со една цел да се заштитиме од ковид-19.За тоа како ќе се извршуваа обредите Расимовски порача:

-Обредите ќе се извршуваат пред полицискиот час, според мерките кои ги имаат предвидено надлежните институции. Во џамиите верниците ќе бидат на дистанца, со примена на мерки за дезинфекција, кој на крајот од пораката упати апел до верниците:

-Во мое име и во име на Муфтиството сакам да упатам апел до сите верници и сите граѓани, да бидат што повнимателни бидејќи пандемијата не познава ни вера ни нација, а гледаме колку луѓе се разболуваат, и млади и возрасни и многу животи се одземени. Со молба до возвишениот господар, овие денови во овој месец да бидат последни кој ќе ги поминеме во пандемија и после ова да започнеме да живееме нормален живот, како пред оваа пандемија.

-Во име на муфтиството на ИВЗ Битола во мое лично име на сите верници им посакувам лесен пост и прифатен пост кај возвишениот и прифатени добри дела.

GOLD
To Top