Новости

Битола инфо

Јавен повик од Општина Битола за надоместување на дел од трошоците на граѓаните за купување на велосипед за 2020 година

ЈАВЕН ПОВИК

за надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на Општина Битола за купување на велосипед за 2020 година

1. Опис на јавниот повик

1.1. Општина Битола, со цел да ги стимулира граѓаните за користење на превозни средства кои минимално ги загадуваат воздухот и почвата и не влијаат врз климатските промени, ќе им обезбеди поврат на дел од потрошените средствата, за велосипеди купени од денот на објавување на овој јавен повик, се до исцрпување на буџетот наменет за таа намена.

1.2. Средствата што ќе ги надоместува општина Битола се во вредност од 50% од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 5.000 (пет илјади) денари.

1.3. Јавниот повик е објавен на веб страната на Општина Битола, електронски и печатени медиуми. Повикот трае од 28.07.2020 до 11.08.2020 година.

1.4. Услов за учество во јавниот повик е купувачот да нема искористена субвенција за истата намена од било кој извор во Република Северна Македонија.

2. Начин на пријавување на јавниот повик

2.1. Право на учество на овој јавен повик имаат жителите на Општина Битола, кои ќе купат велосипед од денот на објавување на овој јавен повик и ќе поднесат Образец за барање за искористување на правото за надоместок.

2.2. За надоместување на дел од трошоците и докажување дека условите за учество се исполнети, барателот до општина Битола ги доставува следните документи:

-Пополнет образец за барање, кој содржи и изјава дека барателот нема искористено право на поврат на средства за купување велосипед на друг јавен повик од било кој извор во Република Северна Македонија. Барањето може да се подигне во архивата на општина Битола или да се обезбеди од интернет страницата на Градот:www.bitola.gov.mk.

-Доказ за жителство во Општина Битола, со доставување фотокопија на личната карта на барателот со адресата на живеење.

-Копија од трансакциска сметка

-Доказ во оригинал дека е извршено купување велосипед и тоа со фискална сметка или фактура со извод од деловна банка од денот на објавување на повикот.

2.3. Едно лице може да поднесе само едно барање за добивање на надоместок.

2.4. Купувачот на велосипед своето барање за искористување на правото за надоместок на дел од трошоците, заедно со потребната документација, треба да го достави во затворен плик до Општина Битола бул. Први Мај бр.61, до архивата на општината, секој работен дн од 07:30 до 15:30 часот најдоцна до 11.08.2020 година.

2.5. На пликот треба да стои: Јавен повик за надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на Општина Битола за купување велосипед за 2020 година, како и името и презимето и адресата на барателот.

3. Начин на спроведување на јавниот повик

3.1. За доделените средства јавноста ќе биде известена преку јавните гласила. Телото формирано со Одлука на Советот на општина Битола, ќе состави листа на доделени средства за купување на велосипеди и истата ќе ја предложи до Градоначалникот.

3.2. Бројот на корисници-лица кои ќе добијат средства е ограничен до висина на определениот износ од Буџетот на општина Битола од 1.000.000,оо (еден милион) денари.

3.3. Исплатата ќе се врши по редослед на поднесените барања до исцрпување на средствата предвидени за оваа намена во Буџетот на општина Битола, прв дојден прв услужен.

4. Начин на остварување на правото на надоместок

4.1. Градоначалникот на Општина Битола ќе донесе решение за исплата во вредност од 50% од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 5.000 (пет илјади) денари, од средствата предвидени за купување на велосипед, доколку утврди дека се исполнети условите од овој јавен повик.

ЈАВЕН ПОВИK за надоместување на дел од трошоците на граѓаните за купување на велосипед за 2020 година

GOLD
To Top