Новости

Битола инфо

Јавна набавка за новата градинка во поранешната касарна во Битола

Во тек е јавната набавка за изградба на нова детска градинка во Битола, во населбата АРМ (поранешна Касарна) информираат од Општина Битола. Јавната набавка се однесува на изградба на целосната конструкција на објектот со поставена дограма. Објектот е предвиден да зафаќа бруто површина од 2012 метри квадратни и ќе биде наменет за прием на околу 250 деца. По изборот на изведувачот, ќе бидат определени и фазите на работа на овој објект.

Исто така, во тек се јавните набавки за изработка на проектна документација за доградбата на детската градинска Снегулка и за адаптација на дел од поранешниот Мајчин дом во градинка.

Со изградбата на новата детска градинка, како и со адаптацијата на другите два објекти, во голема мерка ќе биде намален бројот на деца кои се наоѓаат на листата на чекање за прием во градинките во Битола.

GOLD
To Top