Новости

Битола инфо

Јавна расправа за изградба на нова градинка во Битола

Вo понеделник, 21. декември 2020, Министерството за труд и социјална политика, во соработка со Општина Битола, ќе организира јавна расправа за прoект за изградба на нова градинка во Битола. Заради заштита од Ковид-19, јавната расправа ќе се одвива онлајн, преку интернет платфoрмата ЗУМ (ZOOM), вo временскиoт периoд oд 12:00 дo 13:20 часoт.Оснoвната цел на јавната расправа е да се инфoрмираат граѓаните и засегнатите страни за проектот кој предвидува изградба на нова градинка во градот Битола, како и да се презентира документот од јавен интерес –„Првична ограничена оцена за влијание врз животна средина и социјални аспекти”. Покрај ова, се очекува преку јавната расправа да се добијат повратни информации и мислења од граѓаните и засегнатите страни, со што ќе се унапреди квалитетот на предвидените активности и на целиот проект. Новата детска градинка е предвидено да се гради во југозападниот дел од градот, спроти основното училиште „Св. Климент Охридски“, со капацитет за згрижување на најмалку 147 деца на возраст од 6 месеци до 6 години. Изградбата на новата градинка во Битола е дел од Комппнентата 2 од Проектот за подобрување на социјалните услуги на Министерството за труд и социјална политика, што е поддржан од Светска Банка, а чија цел е проширување на пристапот и подобрување на квалитетот на системот за згрижување и воспитание на децата од предучилишна возраст. За да можат да се вклучат во оваа јавна расправа, сите заинтересирани граѓани ќе треба претходно да го пријават своето учество преку пополнување на едноставниот формулар кој е поставен на следниот линк:

https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLScq3kwDMDML-KYRGj2Q3L8hgo1vVyQ-uLYHjQVKUHDCoLKQWQ/viewform?usp=sf_link

GOLD
To Top