Новости

Битола инфо

,,Јас успеав можеш и ти” – Одржана промоција на краткиот филм на кампањата за поголемо вклучување на ромските деца во образованието

Синоќа, во Малата сала на Центарот за култура се одржa промоцијата на краткиот фим ,,Јас успеав можеш и ти”, како дел од кампањата на Преда плус фондацијата за подигнување на јавната свест за поголемо вклучување на ромските деца во образованието.

Емотивен краток филм, за тоа како се може, ако се сака.
Реални приказни пресликани низ зборови, поттик за новите генерации да направат и повеќе….

Наскоро ќе се објави и онлајн премиера на краткиот филм и емитување на национална ТВ станица.

Кампањата започна во месец Септември со доделување на ранци и школски прибор за сите запишани првачиња во основното училиште ,,Ѓорѓи Сугарев” од Битола и продолжува со споделување и промовирање на позитивни лични приказни на успешни млади луѓе од ромската заедница кои преку своето делување прават позитивни промени во заедницата.

На почетокот на кампањата бројот на запишини ромски деца во ова основното училиште, беше само 37% од евидентираните првачиња од ромската националност.

Денес, на почеток на Октомври, запишани се 70% од евидентираните првачиња од ромската националност.


Кампањата се реализира како дел од настаните за подигање на јавна свест во склоп на проектот ,,Баир- Здружена акција” на Битола за вклучување на Роми, финасиран од Европска Комисија, реализиран во партнерство на италијанската невладина организација -COSV, Преда Плус Фондација и Општина Битола.

Евротип
SNBROKER
To Top