Новости

Битола инфо

ЈЗУ Здравствен дом „Д-р Хаим Абраванел” Битола од денеес започнува со брзи ковид тестови

ЈЗУ Здравствен дом „Д-р Хаим Абраванел”-Битола од утрово започнува со изработка на брзи ковид-тестови.
На нивната веб страница стои дека изработката на брзи ковид тестови ќе се врши со стандрадна процедура, односно со закажување на пациентите преку „Мој термин”.

-Тестовите ќе бидат бесплатни, денес ќе бидат направени 30 тестови, а резултатите на пациентите ќе им бидат соопштени за неколку часа, посочуваат од тамошниот здравствен дом.

За реализација на оваа активност ЈЗУ Здравствен дом „Д-р Хаим Абраванел”-Битола адаптира посебен простор кој се наоѓа од северната страна на таа здравствена установа, познат кај битолчани како „зад уредот”.

GOLD
To Top