Новости

Битола инфо

ЈП Паркинзи ја презема пајак службата во Битола

На денешната седница на Советот на Општина Битола како точка на дневен ред е решението за давање согласност на Одлуката за отстапување во сопственост на товарно моторно возила за специјална намена (пајак) без надомест од ЈП Комуналец на Општина Битола. Директорот Зоран Дојчиновски вели дека за почеток ќе работат во две смени само со едно возило .

Пред советниците е и одлуката за усвојување на ценовникот за подигнување и пренесување на непрописно паркираните возила кои го попречуваат безбедното движење во сообраќајот. Дојчиновски вели дека цените ќе бидат скоро исти како и досега, а во план се да вработат од 3 до 5 нови лица, едните за управување со возилото, а другите за работа во депото на пајак службата.

„Според ценовникот подигање на непрописно паркирано возикло и пренос на возило во депо на пајака службат ќе чени 1600 денари, а подигнување на возило од зелена површина и пренос на возило во депо на пајак служба ќе чини 2000 денари. 1000 денари ќе чини отпочнувањето на подигнување на непрописно паркирано возило, кога сопственикот на возилото се појавува на лице место. Пренесување и транспортирање на возилото на територија на градот Битола ќе чини 1500 денари, а доколку живеете на одалеченост над 5 километри од градот , за пренесување и транспорт на возилото ќе треба да платите доплнителни 50 денари за секој изминат километар. Чување на лесно патничко возило во депо на пајак службата ќе ве чини 200 денари на ден, а за чување на товарно моторно возило, камион, автобус и комбе наменето за транспорт на патници ќе ве чини 500 денари на ден. Цените на услугите се со пресметан ДДВ“, рече директорот на ЈП Паркинзи Зоран Дојчиновски во изјава за ТВ Тера.

Одлуката стапува во сила со денот на нејзиното донесување

GOLD
To Top