Новости

Битола инфо

10 лица во Битола го прекршиле полицискиот час – од нив две се малолетни деца

17 лица го прекршиле полицискиот час во текот на изминатото деноноќие на подрачјето на Сектор за внатрешни работи Битола. Од нив 10 лица го прекршиле полицискиот час во Битола од кои 8 лица спаѓаат во категоријата останати граѓани и две лица до 18 годи, информира полицијата. Во Прилеп, Ресен и Македонски Брод има по две лица кои што го прекршиле полицискиот час и тие спаѓаат во категоријата останати граѓани. Забраната за движење не ја почитувало едно лице во Крушево кое што спаѓа во категоријата останати граѓани.

Полицијата поднела по една кривична пријава за сторители од Битола, Прилеп и Крушево по член 206 од Кривичниот законик за непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.

На подрачјето на Сектор за внатрешни работи нема нови лица со решение за изолација. Полицијата во изминатото деноноќие со решение за изолација исконтролирала 6 лица во Битола, 180 лица во Прилеп, 3 лица во Ресен, 12 лица во Демир Хисар, 8 лица во Крушево и 3 лица во Македонски Брод. Регистрирано е само едно ново лице во Прилеп во самоизолација.

Полицијата извршила контрола и на лицата во самоизолација, така што исконтролирани се 61 лице во самоизолација во Битола, 14 лица во Прилеп, по едно лице во Ресен, Крушево и Македонски Брод и 2 лица во Демир Хисар.

Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот (8/9.04) по однос на забраната за движење евидентирано е дека на ниво на целата држава 97 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 62 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.

Исто така според статистичките податоци на 65 лица им се издадени решенија за изолација, а 82 лица потпишале изјави за самоизолација.

Од страна на полициски службеници при извршените контроли кај лица во изолација и самоизолација, евидентирани се 2 (две) лица кои не ја почитувале мерката .

Извор: ТВ Тера

GOLD
To Top