Новости

Битола инфо

100 санкции за брзо возење на територија на СВР Битола

Денеска (03.05.2021) полициски службеници од СВР Битола спроведоа зајакната акциска контрола за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 100 возачи. Од нив, 42 возеле побрзо од пропишаното надвор од населено место, а 58 во населено место.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Од СВР Битола апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

GOLD
To Top