Новости

Битола инфо

11 битолчани играле на диво комар – уапсени синоќа во Битола

Единаесетмина жители на Битола се уапсени вчера, откако полицијата ги затекнала како играат комар на диво, соопшти МВР.

„На 08.01.2023 во периодот од 21.30 до 22.30 часот, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола извршија акциска контрола во објект на ул.„Караорман” во Битола, при што било утврдено дека во објектот неовластено се организира комар. При контролата во објектот биле затекнати О.М., Е.Ш., Р.О., В.Р., М.Д., Н.А., Ѓ.А., Е.Р., И.Е., Р.А. и Б.М., сите од Битола. Кај нив биле пронајдени и одземени повеќе банкноти во различни апоени“, велат од полицијата.

Тие биле уапсени и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена пријава по член 398 од Кривичниот законик.

Евротип
SNBROKER
To Top