Новости

Битола инфо

11.000 творби од 34 земји пристигнаа на конкурсот за Малиот битолски монмартр

Добитник на наградата „Гран-при 2018“ на Малиот битолски монмартр 2018 година се младите ликовни уметници и ликовниот педагог од Чешка од градот Плзен, соопшти денеска на прес-конференција раководителот на Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј“, Коста Хаџи Антоновски.

-Среќен сум што магијата на Малиот битолски монмартр толку напреднува што голем број земји од година во година се присути на конкурсите. И бројката од година во година се зголемува, може да се каже дека Азија е освоена по бројот н атворби пристигнати оттаму. Сакат да доаѓаат поголем број членови од земјите, но ние не можеме финансиски тоа да си го дозволиме, само 3 ученици и еден педагог. Со доаѓањето на министерот за култура тука во студиото, ни се даде можност да влеземе во годишната програма. Ме загрижува тоа што ниту едно битолско училиште не учествуваше на конкурсот, слаб беше одзивот на ученици од Македонија, не знам зошто е тоа така, рече Хаџи Антоновски.

Добитник на наградата „Проф. д-р Богомил Карлаварис“ за животно дело е ликовниот педагог Реди од Индија, додека добитник на специјалната награда е екипата од Трабзон, Турција.

На годинешното издание на Малиот битолски монмартр ќе учествуваат 22 екипи од повеќе земји: Чешка, Словачка, Кина, Русија, Турција, Израел, Србија, Полска, Малезија, Романија, Тајланд, Бугарија, Унгарија, Индија, Бахреин, Шри Ланка.

Вкупно доделени награди на меѓународниот конкурс „Битола 2018“ се 384, 232 дипломи за поединечни остварувања, како и 114 награди „златна палета“.

Меѓународниот ликовен конкурс „Битола 2018“ беше распишан на почетокот на септември 2017 година, а траеше до 20 февруари 2018 година. На конкурсот учествуваа 326 училишта, со 10.777 цртежи, од 34 земји од Европа и светот.

Меѓународното стручно жири од вкупниот број пристигнати творби за 36-та Меѓународна изложба на детски ликовни творби „Битола 2018“ избра 781 творба, а изложбата ќе биде отворена на 23.05.2018 во Националната детска ликовна галерија „Монмартр“.

Евротип
SNBROKER
To Top