Новости

Битола инфо

110 возачи во Битола синоќа возеле над дозволеното

Полициски службеници во Секторот за внатрешни работи Битола за време на викендот, извршиле контрола за брзина, зимска опрема, управување без возачка дозвола, нерегистрирани возила, непочитување првенство, исправност на возилата, товарни возила, појас, светло и алкохол, во сите полициски станици при што биле контролирани 1303 возачи и возила.

При контролата, констатирано е дека 110 возачи го управувале возилото со поголема максимална брзина од дозволената, 23 возачи управувале без возачка дозвола, кај 11 возачи е откриено присуство на алкохол и истите се исклучени од сообраќај исто така 4 возила биле технички неисправни и истите се испратени на технички преглед. Писмено опоменати се 26 возачи, а на 161 возачи изготвени им се мандатни платни налози и ќе се соочат со соодветни глоби, а исто така изготвени се и 52 прекршочни налози. Исто така при контролата откриени се и други 42 видови останати прекршоци.

GOLD
To Top