Новости

Битола инфо

1600 топли оброци за социјално загрозените категории во Битола од Ротаракт Клубот Битола Широк Сокак

Ротаракт Клубот Широк Сокак Битола донираше над 1600 топли оброци за социјално ранливите категории.

8ми викенд продолжува акцијата “Подари оброк” на Ротаракт Клубот Битола Широк Сокак. Во изминатите 8 викенди од акцијата „Подари Оброк“ дистрибуирани се над 1600 топли оброци, млечни производи, леб и бели пецива на социјално загрозените категории од Битола.

Благодарност до сите помагатели на оваа наша акција, до винарија “Чифлик”, ресторан “Милениум”, пекара “Александар”, хуманитарната организација Утешител, печатница Киро Дандаро Битола, Кa-Ни Трејд (Joka Mlekara) и СН Бар Ресторан.

Ротаракт клуб Битола Широк Сокак или скратено Ротаракт Широк Сокак е клуб на млади лидери, потенцијални идни лидери од разни области во општеството. Како клуб на млади луѓе на возраст од 18 до 30 години постои од 31 октомври 2014 година.

 

GOLD
To Top