Новости

Битола инфо

18 издание на Меѓународниот младински арт фестивал “Битола отворен град 2019“

Меѓународниот младински арт фестивал Битола отворен град е традиционален меѓународен младински уметнички фестивал кој осумнаесет години ја слави алтернативната уметност и урбаната култура, стимулира културен активизам, ја инспирира публиката да биде свесна и отворена за нови прогресивни идеи и придонесува за развој на културниот туризам во Битола.

Фестивалот е инспириран од потребата за нов пристап во промоцијата и презентирањето на културните, општествените и човечките вредности и трендови преку музика и визуелни уметности.

Битола отворен град ги обединува младите луѓе од различни локации од Европа, со различни афинитети, интереси и професионална определба да споделат свои ставови, искуства, вредности користејќи креативни методолошки алатки за имплементирање на активности кои поттикнуваат и ги јакнат општествените вредности и кои и ќе ги промовираат интеркултурниот дијалог и Европските вредности користејќи различни уметнички алатки.

Фестивалот обезбедува простор за поврзување на култури, размена на искуства, мислења и ставови и за креирање на нови партнерства и соработки и истовремено е генератор на динамична и позитивна енергија и мост помеѓу културите. Фестивалот е отворен за сите алтернативни уметности во изведба/изработени и водени од млади луѓе и претставува единствено искуство исполнето со позитивна енергија која умее да прерасне во креативна еуфорија.

Во 2002 започнавме со организација на меѓународниот младински арт фестивал „Битола отворен град“. Во изминатите 17 изданија на фестивалот, организарани беа над 200 културни настани со учество на повеќе од 500 млади уметници од над 40 земји во светот. „Битола – отворен град“ е еден од синонимите за препознавање на МКЦ – Битола и најпосетен културен настан во градот.

Младински културен центар – Битола, по осумнаесетти пат оваа година, го организира Меѓународниот младински арт фестивал “Битола отворен град 2019“.

Целта на фестивалот е да придонесе во афирмацијата на Битола како град со позитивни вредности и креативна енергија и нејзина промоција како центар на прогресивната младина на Балканот.

Фестивалот трае пет дена и оваа година терминот за одржување на фестивалот е 26 – 30 јуни 2019 година.

Битола отворен град обезбедува можност за многу уметници, млади луѓе и учесници од граѓански организации од регионот на ЈИЕ, да ги искажат своите ставови за општествено релевантни теми со користење на уметноста како алатка.

Фестивалот е отворен за сите алтернативни уметности во изведба на млади луѓе. Во досегашните фестивалски изданија имавме уметници од САД, Франција, Германија, Словенија, Шведска, Данска, Финска, Шпанија, Јапонија, Албанија, Србија, Црна Гора, Хрватска, Босна и Херцеговина.

Изминатите години наши гости беа легендарните рок изведувачи Електрични оргазам, Партибрејкерс, Забрањено пушење, Рамбо Амадеус, Ван Гог, Кирил Џајковски со Серџук Оркестра, Дубиоза Колектив, С.А.Р.С, Хладно пиво, Мајкл Греј, Џане Надинe, ЗАА, Земја Грува, Deca iz vode, The Prodigy live tribute band итн., имиња кои привлекоа огромно внимание кај домашната и странската публика и кај медиумите.

Фестивалот секогаш одделува простор и за македонската музичка сцена и на наше задоволство гости ни беа многу македонски значајни алтернативни уметници од рангот на Тони Китановски, како и музичките групи Мизар, Архангел, Mooger Foger, Суперхикс, Кисмет, Фолтин, Сет, Паркети, Д.Н.О., Дина, Three minutes on the rain, Bei the fish, The government, Bernays Propaganda, FUNK SHUI итн……

Со посетеност од над 4.000 публика главниот настан на Битола отворен град е најмасовен музички настан во Битола секое лето.

Оваа година Фестивалот Битола отворен град ја има следната форма:

· Голем музички настан во Битола за кој не се наплаќаат влезници, кој се организира на јавен простор и вклучува големи музички имиња кои публката надвор од главниот град ретко можи да ги види во живо.

· Програмска содржина креирана од млади уметници од различни европски држави кои практикуваат алтернативни уметности. Во овој дел се вклучени изложби на уметници од околу 30 различни земји. планирана е изложба на Мејл арт која вклучува картички на уметници од Мексико, Јапонија, Белгија, Бразил, Холандија, Италија, Америка, Германија, Канада, Шпанија, Австрија, Естонија итн. Планирана е изложба УРБАН ФОТО САЛОН каде учествуваат 43 автори од голем број на дестинации како Аргентина, Индија, Бразил, Србија, Белгија, Бугарија, Германија, Америка итн. Останатата фестивалска програма преку музички концерт ќе промовира авторска музика на млади музичари, Живи библиотеки ќе промовираат “книги” со различни содржини кои ќе потсетат на вистинските вредности, ќе поттикнат вклучување, еднаквост, толеранција и разбирање, промоција на музички албуми и книги и лепеза на креативни работилници.

GOLD
To Top