Новости

Битола инфо

19-годишна девојка со Даунов синдром почина во Ковид центарот во Битола, била сомнителна на Ковид 19

19-годишна девојка со Даунов синдром почина во Ковид центарот во Битола. Таа вчера била донесена во лоша состојба со многу тешка клиничка слика. Имала симптоми на Ковид 19, но не била тестирана. Таа била третирана како сомнителна на Ковид бидејќи имала симптоматологија карактеристична на вирусот и била сместена во посебниот дел на модуларната болница за суспектни пациенти.

„Веднаш беше примена, сатурацијата беше многу ниска – 40, беа преземени реанимациони мерки, но за жал неколку часа по приемот пациентката почина. Пред да и биде земен брис за дијагностика на Ковид- 19, “ рече д-р Билјана Гагачовска, директор на Клиничка болница Битола.

Заради тоа што не е утврден вирусот, нема да влезе во статистика за починати од Ковид 19.

 

GOLD
To Top