Новости

Битола инфо

19 лица од Битола не даваат податок за контакт со потврден позитивен случај

 

Во Битола бројот на активни случаи е 58 од нив 18 лица се хоспитализирани, а 40 се на домашно лекување. Од вкупниот број на лица каде болеста сеуште е во тек, 19 лица не даваат податок за контакт со потврден позитивен случај, а останатите 39 активни случаи даваат податок за контакт и тоа: 19 лица се поврзани директно или индиректно со текстилна компанија, а останатите 20 лица се поврзани во помали фамилијарни/работни кластери, информираат од Центар за јавно здравје Битола.

Денес се пријавени 2 нови случаи, меѓусебно поврзани, а и поврзани со претходно регистрирани позитивни случаи. Ново регистрираните се на возраст од 18 години.

Во Ресен, Демир Хисар и Кичево денес нема регистрирано нов заболен, а е регистриран еден смртен случај кај лице од Кичево кое беше хоспитализирано.

Во последниве 3 недели бројот на заболени лица во Битола, Демир Хисар и Кичево е во благ пораст. Поради тоа се апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита од вирусот:

– Носење на маска;
– Одржување на физичка дистанца од најмалку 2 метри;
– Одржување на лична хигиена;
– Младите лица да ги почитуваат сите горенаведени мерки посебно во вечерните часови при излегувања во кафе барови и сл.
– Да се одбегнуваат масовни собири, меѓу кои и приватните семејни собири како родендени, семејни слави, имендени, крштевки, погреби и сл.

Во ЈЗУ Центар за јавно здравје- Битола и регионот кој го покрива (Битола, Кичево, Ресен и Демир Хисар) заклучно со 27.07.2020 година земени се вкупно 1926 брисеви за COVID-19 од нив 1108 по епидемиолошки индикации, 488 преку упатување од матичен лекар преку системот Мој термин и 330 брисеви од вработени во градинки за скрининг.

Позитивни резултати за COVID-19 се добиени кај 401 лице, од кои 116 се со место на живеење во Битола, 118 во Кичево, 24 во Демир Хисар и 143 во Ресен. Според исходот на заболувањето кај 197 лица болеста е во тек и тоа 58 од Битола, 80 од Кичево, 36 од Ресен и 23 од Демир Хисар, 192 лица се оздравени и кај 12 лица болеста имаше смртен исход.

ЈЗУ Центар за јавно здравје – Битола

GOLD
To Top