Новости

Битола инфо

19 медали за Карате клуб „ ЗАНШИН-ДО “ – Битола

На 26.05.2018 год ( сабота) за прв пат се одржа меѓународен карате турнир „ ОХРИД ОПЕН“ во Охрид  на кој учествуваа 40 клубови , над 350 натпреварувачи од Македонија, Србиоја, Црна Гора , Бугарија и Албанија  . На овој натпревар Карате клуб „ ЗАНШИН-ДО “ –Битола се најде повторно помеѓу најдобрите, освои 4 злата, 3 сребра ,  12 бронзи  и пехара за најмасовен клуб .

На овој турнир настапи и Стефановски Иван  во кати индивидуално кој  повторно покажа  дека сите деца се еднакви . Иван Стефановски  во дисциплината ката поединечно 2004 год. се закити со златен медал а медалот му го врачи лично Градоначалникот на Охрид  Јован Стојаноски.

Во дисциплината ката тим женски 2005/2006 год со злато се закитија  Пројкоска Бисера, Марија Марковска и Симоновска Маја , со злато се закити и ката тимот во кадети Стефанија Петковска, Марија Марковска и Симоновска Маја. Во Дисциплината ката тим женски 2009/2010 со сребрен медал се закитија Елена Јончевска, Евгенија Наумовска и Ана Димовска –Чонтева; ката тим женски  2009/2010   со бронза се закитија Александар Божиновски, Емилија Илковска  и Евгенија Наумовска; во дисциплината ката тим  женски 2007/2008 со бронзен медал се закитија Николина  Петковска, Давид Стојчевски и Надалина Талевска во дисциплината ката тим машки 2007/2008 год со бронзен медал се закитија Тони Кулевски, Николина Петковска и Давид Стојчевски  како и тимот Лука Груевски, Костојчиновска Ана и Михаил Стефановски. Со златен медал се закити во апсолутна категорија 2010 год. Диневски Михаил со сребрен медал се закитија Ѓоревска Симона во сениорска категорија и Маја Симоновска во категорија 2005 во во дисциплоина ката , со бронзен медал во дисциплина ката се закити Елена Јончевска 2009/2010, Груевски Лука 2006/2007, Димевски Андреј 2012 год,  Дунгов Јасна 2011 год, Костојчиновска Ана 2006/2007 год, Марковска Мариј 2005 год, Поповски Евгениј 2009/2008 год и  Петковска Стефанија 2003 год.

Ова е голем успех за нас и за Битола затоа продолжуваме со подготовки во Сутоморе од 23.06.2018 год  до 02.07 2018 год. заедно со дел од најуспешните клубови во Македонија во организација на КФМ.

Евротип
SNBROKER
To Top