Новости

Битола инфо

20 – годишно момче нападнато во Битола и сообраќајна незгода во битолско има и повредени лица

На 04.01.2021 во СВР Битола, А.В.(20) од Битола пријавил дека на улица „Партизанска” во Битола бил физички нападнат. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 04.01.2021 во 08.30 часот на патот Могила – Будаково се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „југо корал“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Б.Т. (62) од с. Д. Чарлија и патничко возило „форд фиеста“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Д.М. (42) од с.Радобор, општина Могила. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот во возилото „југо“, Г.А. (54) с. Д.Чарлија, додека со телесни повреди се здобил возачот на возилото „југо“ и сопатникот во возилото „форд“, Д.М. (41) од с. Радобор, констатирани во Клиничка болница Битола. Увид на местото на настанот
извршила увидна екипа на СВР Битола.

Евротип
Евротип
To Top