Новости

Битола инфо

2000 евра казна за битолчанец кој не бил затекнат дома, а требало да биде во изолација

Основното јавно обвинителство Битола поднесе Предлог за издавање казнен налог против едно лице кое го сторило кривичното дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. Со предлогот на Судот му предложи да изрече парична казна за обвинетото лице во висина од 100 дневни глоби, секоја од нив во вредност од по 20 евра во денарска противвредност.

Обвинетиот со Решение на Државниот здравствен и санитарен инспекторат – Сектор за инспекциски надзор ПО Битола од 04.07.2020 година бил ставен под здравствен надзор и домашна изолација во траење од 14 дена од последниот контакт со лабораториски докажано лице заболено со заразна болест чиј причинител е коронавирусот – COVID-19. Но, тој не постапил согласно решението, па при проверка извршена од полициски службеници од СВР Битола на 08.07.2020 година не бил затекнат во неговиот дом во Битола.

GOLD
To Top