Новости

Битола инфо

22 возачи возеле пребрзо на територија на СВР Битола

На 11.04.2022 на територијата на СВР Битола, полициски службеници спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возила со брзина поголема од пропишаната. Притоа, санкционирани биле 22 возачи, од кои 11 санкции се изречени на територија на Ресен, 6 на територија на Битола, 4 во Прилеп и 1 во Демир Хисар. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Евротип
SNBROKER
To Top