Новости

Битола инфо

25 Мај – Денот на Младоста

Празнување на младоста и младите во СФРЈ, при што главниот симбол била ШТАФЕТАТА НА МЛАДОСТА, која околу педесеттина дена била носена низ целата територија на Југославија и на самиот ден 25 мај се предавала на Тито на стадионот на ЈНА во Белград. Празникот се прославулал од 1945 до 1987 година. Започнал да се прославува со носење на т.н. „Титова штафета“ наменета за роденденот на водачот на југословенскот комунистичко движење Јосип Броз Тито, а на иницијатива на младината од Крагуевац, Србија. Така, првите години штафетата го симболизирала роденденот на претседателот на СФРЈ , но од 1957 година, токму на негова иницијатива таа станала Штафета на младоста, а 25 мај бил прогласен за Ден на младоста. При свеченото предавање на „централната“ Штафета на младоста, редовно бил организиран величенствен слет со учество на младинци од сите република и покраини на социјалистичка Југославија.

Извор: Сојуз на борци Битола

GOLD
To Top