Новости

Битола инфо

25 нови заболени од коронавирус – засега нема нов случај во Битола

Министерството за здравство информираше дека ноќеска на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје почина една пациентка од Лабуништа на возраст од 65 години. Пациентката имала претходни заболувања – коморбидитети: хронично опструктивна белодробна болест, дијабетес, срцева слабост и обезност.

Што се однесува до пациентката која во неделата наутро почина во болница во Струга, а на која постморум и е земен брис, истиот е позитивен на Ковид-19.

Во изминатите 24 часа регистрирани се 25 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови: Скопје- 7, Куманово-7, Прилеп-2, Тетово-5, Струга-2, Гевгелија -1, Кочани -1.

Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска изнесува 354 лице. Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во:

 Скопје – 183

 Куманово – 54

 Дебар – 47

 Штип – 15

 Прилеп – 12

 Тетово -13

 Струга – 9

 Велес – 6

 Битола – 4

 Охрид – 3

 Кавадарци – 2

 Гостивар – 1

 Гевгелија – 2

 Струмица- 1

 Крива Паланка – 1

 Кочани – 1

Во изминатото дено-ноќие направени се 257 теста, од кои: преку ИЈЗ – 131, преку Ветеринарен факултет – 25, Биотек – 24, Филип Втори (Жан Митрев) – 2.

Досега се направени вкупно 3.775 тестирања на Ковид-19.

GOLD
To Top