Новости

Битола инфо

31 октомври е Светски ден на штедењето – Граѓаните сѐ почесто избираат животно осигурување како начин на штедење

Денеска се одбележува Светскиот ден на штедењето кога се потсетуваме колку е важно да се има заштеда и долгорочно да се штеди за остварување на поставените цели во животот.

Граѓаните сѐ почесто избираат животно осигурување како начин на штедење, со што обезбедуваат дополнителна заштеда, како и заштита и сигурност за своите најблиски. Најмногу се инвестира во осигурувањето со штедна компонента. Овој продукт му овозможува на осигуреникот по истек на договорот за осигурување своето вложување да го добие како заштеда со одредена добивка.

Осигурување на животот со штедење има бројни предности кои овозможуваат финансиска безбедност за најблиските во случај на несакани животни ситуации. Овој производ е комбинација на штедење и осигурување.

Животот е најскапоценото нешто што го поседува секој човек и затоа треба квалитетно и правилно да го заштити. Пружете им сигурност на Вашите најблиски, планирајте ја Вашата иднина, штедете и истовремено бидете осигурани. Осигурувањето на живот Ви пружа можност да ја обезбедите својата и сигурноста на Вашето семејство со помош на планските вложувања на Вашите сопствени средства. Со склучувањето полиса за осигурување на живот истовремено добивате осигурување и штедење. Договорениот износ на кој се склучува ова осигурување зависи од висината на премијата (која се уплаќа месечно, квартално, полугодишно или годишно), избраниот период на траење на осигурувањето и пристапната старост на осигуреникот.

Во СН Осигурителен Брокер информирајте се подателно за производите за осигурување на живот кои ќе ви обезбедат финансиска заштита за Вас и Вашето семејство, а истовремено и можност да штедите парични средства. https://snbroker.mk/lokacii/

15 770

https://snbroker.mk/osiguruvanja/osiguruvanje-zivot/

Евротип
SNBROKER
To Top