Новости

Битола инфо

385 контролирани возила во Битола – СВР со детален билтен

Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Битола на 27 март извршиле контрола за брзина, управување без возачка дозвола, нерегистрирани возила, непочитување првенство, исправност на возилата, сигурносен појас.

Притоа, контролирани се вкупно 385 возила и возачи и било констатирано дека 23 возачи ја надминале дозволената брзина, седум возачи управувале возило без возачка дозвола, нерегистрирани биле седум возила.

Тројца возачи управувале возило без да користат сигурносен појас и двајца возачи зборувале на мобилен телефон.

 

Евротип
SNBROKER
To Top