Новости

Битола инфо

4 починати и 103 хоспитализирани пациенти во Битола

Утрово бројот на хоспитализирани пациенти во ковид центрите во Битола е 103, највисока бројка на пациенти од почетокот на пандемијата до денеска.

Во текот на изминатите 24 часа имало 24 ново примени пациенти и 6 испишани.

Исто така во последните 24 часа имаше и четворица починати пациенти. Двајца пациенти од Битола на возраст од 64 и 62 години, еден пациент од Демир Хисар на 80 годишна возраст и 1 пациент од Ресен на 65 години.

GOLD
To Top