Новости

Битола инфо

40 години Универзитет „Свети Климент Охридски“ Битола

Со бројни активности се одбележува 40 годишното постоење на битолскиот универзитет Св„Климент Охридски“ Битола.

Ректорот Коруновски рече дека за нив е голема честа оваа генерација, ова раководство да одбележи 40 години Универзитет во Битола.

Затоа вели Коруновски, универзитетот мора да биде завртен кон иднината, иако понекогаш по дефиниција тоа е инситуција каде што се истражува со визии, сепак тоа е една конвенционална институција каде што образование се предава од едни на други генерации.

Прашавме дали административно или емотивно повеќе го чувствуваат враќањето на Правниот факултет во Битола. Коруновски вели дека и од двата аспекта, додавајќи дека основата на Битолскиот универзитет е Правниот факултет.

Големиот јубилеј ќе се прослави в четврток со Свечена академија на која ќе настапи Влатко Стефановски, а универзитетот изработи и монографија за четири децениското постоње.

GOLD
To Top