Новости

Битола инфо

400 топли оброци за социјално загрозени семејства во Битола

Во недела на 29.12.2019 година од 10:00 до 13:00 часот ќе се oдржи „Food Drive- 400 топли оброци“ за социјално загрозени семејства во Битола. Храната ќе се готви и ќе биде поделена во кругот на старата касарна во Битола,а истата ја обезбедува СН Финансии.

Освен храна, вработените во СН Финансии на најмладите ќе им поделат и новогодишни пакетчиња а ќе биде донирана и облека.

Оваа акција се одржува по четврти пат во Битола, во организација на Црвен Крст на Република Македонија, Општинска организација Битола .

GOLD
To Top