Новости

Битола инфо

4,4 милиони денари поддршка од Големата ложа – реновирани простории во Клиничката болница во Битола

Министерот, заменик министерот во Министерството за здравство Беким Сали и Владимир Рендевски како и др. Александар Обедниковски директор на Клиничката болница во Битола вчера промовираа два проекти од здравствениот сектор.

Во Завод за рехабилитација на слух, говор и глас промивирана е нова сензорна соба, додека во ЈЗУ Клиничка болница-Битола од денеска реновирани се просториите на Службата за анестезија, реанимација и интензивно лекување.

-Со министерот Сали во Битола промовиравме сензорна соба во Завод за рехабилитација на слух, говор и глас, а во битолската Клиничка болница отворивме реновиран оддел за интензивно лекување во рамки на Службата за анестезија, реанимација и интензивно лекување. Станува збор за градежен потфат, реновирање на просториите во одделот за интензивно лекување, соба за будење и санитарни јазил. Во оваа прилика се заблагодарувам за донацијата на Големата Ложа на Македонија, која со сопствени финансиски средства овозможи овој значаен оддел на Клиничка болница да добие нов лик, но и услови со кои значително се подобрува здравствената заштита за пациентите на кои им е потребно интензивно лекување, изјави заменик министерот Владимир Рендевски.

Од Министерството за здравство информираа дека со средства од буџетот на Клиничка болница набавен е современ апарат, респираторна машина која е важна алка во севкупното подобрување на здравствената заштита на интензивно загрозените пациенти.

Евротип
SNBROKER
To Top