Новости

Битола инфо

52-годишен битолчанец загина во вчерашната сообраќајка кај Лисолај – се возел во приколката на тракторот

На 14.07.2018 година во 10,10 часот на патот Битола – Демир Хисар, после село Лисолај се случила сообраќајна незгода помеѓу земјоделска машина трактор „Интернационал“ со битолски регистрски ознаки управуван од Б.П.(39) од село Доленци и товарно моторно возило „Сканија“ исто така со битолски ознаки управувано од П.И.(43) од Демир Хисар. Во незгодата на местото на настанот починал Б.Т.(52) од Битола, сопатник кој се превезувал на приколката од тракторот. Извршен е увид на местото на настанот.

GOLD
SN Finansii
To Top