Новости

Битола инфо

57-годишна битолчанка тешко повредена по удар од автомобил

Вчера во 17.30 часот во СВР Битола било пријавено дека на ул.„4 Ноември“ во Битола, патничко возило „нисан“ со грчки национални ознаки, управувано од Г.К.(37) од с.Јанковец, ресенско, удрило во В.Ф.(57) од Битола.

Во несреќата, В.Ф. се здобила со тешка телесна повреда, констатирана во Клиничка болница Битола.

Увид на местото, според надлежните, извршила екипа на СВР Битола.

Евротип
SNBROKER
To Top