Новости

Битола инфо

57 санкционирани возачи на територијата на СВР Битола

Секторот за внатрешни работи Битола во текот на вчерашниот ден (26.09.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на СВР Битола изречени се вкупно 57 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 10 санкции, 11 мерки за брзо возење, четири санкции за нерегистрирани возила, осум мерки за користење на мобилен телефон. Изречени се четири санкции за возење под дејство на алкохол.

Од СВР Битола велат дека засилените акциски контроли продолжуваат и апелираат до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Инаку во територијата на СВР Битола спаѓаат градовите: Битола, Прилеп, Ресен, Демир Хисар, Крушево и Македонски Брод.

Евротип
SNBROKER
To Top