Новости

Битола инфо

71 санкционирани возачи што возеле пребрзо на територија на СВР Битола

Денеска (14.08.2022) во периодот од 14.00 до 20.00 часот полициски службеници од СВР Битола спроведоа засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната на територија на СВР Битола, при што санкционирани се 71 возачи.

Од нив, 22 санкции се изречени на територија на Битола, 30 санкции во Ресен, 8 санкции на територија на Демир Хисар, по 5 санкции во Прилеп и во Македонски Брод и 1 санкција на територијата на Крушево.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Евротип
SNBROKER
To Top