Новости

Битола инфо

75 години негување на музиката и културата

КУД „Стив Наумов“ од Битола прослави значаен јубилеј од нивното постоење, 75 години негување на музиката и културата.

Диригентот и првиот човек на ова друштво Љубо Трифуновски, зобурваше за историјата на КУД „Стив Наумов“, а додаде дека во рамките на овој настан, прославуваат и уште неколку јубилеи.

Во 75 години овој хор настапувал низ многу европски држави, а освоил и бројни признанија. ​ ​ – изјава Во КУД „Стив Наумов“ низ годините наназад продефилирале голем број на музички секции и ансамбли, а на јубилејниот концерт синоќа, настапи само мешаниот хор при ова друштво, кој за скоро ќе одбележува 50 годишен јубилеј.

Култните македонски хорски композитори, кога ќе создаделе композиција наметена за хор, им ја праќале на диригентот Трифуновски да ги изведе со хорот при КУД „Стив Наумов“, додава Трифуновски.

KУД „Стив Наумов“ и после 75 години, продолжува со активна работа и негување на традиционалните музички вредности во градот на клавирите.

GOLD
To Top