Новости

Битола инфо

8 позитивни лица регистрирани денеска во Битола

Денес во Битола се регистрирани 8 позитивни лица, 4 на возраст од 61-70 години, 2 на возраст од 31-40 години и по еден во возрасните групи од 21-30 и 51-60 години. Од новорегистрираните лица, 6 даваат податок за контакт со друго позитивно лице и се поврзани во веќе постоечки кластери. Вкупниот број на активни случаи во Битола изнесува 67. Денес се регистрирани 4 оздравени лица.

Во Демир Хисар денес се регистрирани 5 позитивни лица на возраст од 31, 46, 54, 58 и 73 години. Вкупниот број на активни случаи во Демир Хисар изнесува 29. Денес е регистрирано и едно оздравено лице.

Во Ресен денес има еден регистриран случај на возраст од 64 години, а регистрирани се 3 оздравени лица. Вкупниот број на активни случаи во Ресен изнесува 30.

Во Кичево денес има регистрирано 8 позитивни лица. Вкупниот број на активни случаи во Кичево изнесува 83.
Денес се регистрирани 4 оздравени лица.

ЈЗУ Центар за јавно здравје- Битола

GOLD
To Top