Новости

Битола инфо

Анкета: Дали би носеле маска како заштита од загадувањето?

Во обид да се заштитат од последиците од загадувањето, голем дел од граѓаните купуваат специјални маски од аптеките. Како еден од начините за заштита граѓаните ги користат маските со активен јаглен. Најевтините се 140 денари и нивниот рок на употреба е 120 часа,  а во дел од аптеките може да се најдат маски и за 900 денари.

На пример во Кина, каде нивото на загаденост на воздухот е високо, многу често може да видиме слики од луѓе по улици кои носат маски и тоа за нив е сосема нормално. На интернет има совети до сите туристи кои сакаат да го посетат Пекинг, какви маски и од каде да набават додека престојуваат во овој високозагаден град.

Но барем засега, по улиците на Битола ретко се забележува дека некој носи маска.

Кое е Вашето мислење по ова прашање?

На Фејсбук страната на Шеталиште може да гласате на анкетата:

Дали би носеле маска како заштита од загадувањето додека ги извршувате своите обврски низ градот?

GOLD
To Top